Рускиот милјардер Игор Цуканов го пронашол безживотното тело на својата ќерка Катја Цуканова (17) во Лондон, а постои сомневање дека се предозирала со дрога позната како Келвин Клајн, мешавина на кокаин и кетамин.
Катја важела за една од најталентираните млади музичарки во Британија, свирела виолина и имала концерт во Кралската опера (Royal Opera House) само неколку дена пред да почине.
Непосредно пред смртта се забавувала со другарите, па и се слошило во својата вила во Кенсингтон, западниот дел на Лондон.
Цуканов од Русија со својата сопруга Наташа се преселил во 90-тите години во Лондон, каде се родила Катја. Скршениот татко за британски Телеграф рече дека неговата ќерка, која настапила во Кралската опера, само неколку дена пред смртта, била исклучително среќна и имала светла иднина.
„Беше толку паметна девојка, но направи еден погрешен избор. Што родителот може да направи? Децата секако ќе го направат тоа што сакаат и никогаш не ја кажуваат вистината“, рече рускиот богаташ.
Катја веднаш е пренесена во болница, но лекарите не можеле ништо да направат.
Другарите на несреќно починатата девојка на новинарите им рекоа дека „Келвин Клајн“ станала популарна и речиси неизоставна меѓу младите, и дека ноќниот живот во Лондон не може да се замисли без тој опијат.
Катја завршила прва година од музичкото училиште во Бакингемшир, каде и добила стипендија, а во септември требало да тргне на повисоко ниво. Примена е во престижното Кралско музичко училиште на 9 години, каде одела на часови по виолина, клавир, музички теории и свирење во трио и оркестар.
Виолинистката веќе настапувала во некои од најпознатите светски музички арени, вклучувајќи го и њујоршкиот Кембриџ Хол.
На италијанскиот фестивал Суони дал Голфо 2018 година е прогласена за најдобар млад музичар на годината.