Богатинова, ХЕРА: Новиот закон за абортус придонесе за унапредување на автономијата на жената слободно да одлучува за своето тело

од Vladimir Zorba
332 прегледи

Донесувањето на новиот закон придонесе самите институции да се вклучат во информативната кампања за абортусот, што укажува на тоа дека денес постои поголема отвореност за разговор на темата во јавната дебата, вели во интервју за Стандард Росана Богатинова, правна советничка и проектна координаторка во ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.

Според неа денес можеме да се пофалиме со регулатива која е чекор напред во споредба со соседните земји од аспект на степенот на афирмација на слободата на жената да одлучува за своето тело.

Богатинова сепак додава за да не остане законот „мртво слово на хартија“, Од ХЕРА веќе започнуваат сериозно да ја следат неговата имплементација. Особено се фокусираат на медикаментозниот абортус кој со новиот закон се воведува и кој ќе може, освен во болници, да се врши и на примарно ниво, кај матичните гинеколози до 9-та гестациска недела.

Во однос на религискиот аспект на абортусот, таа вели дека постојат повеќе меѓународни договори на кои нашата земја се обврзала, но и насоки од реномирани здравствени институции кои даваат препораки за начинот на кој една земја треба да обезбеди почитување на автономијата на одлучување на секој човек. Тоа значи дека и оние лица кои се религиозни и оние кои не се, треба да можат сами да одлучат за своето тело.

Целото интервју на следниов линк!