Шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска ноќеска по распитот рече дека на двајцата осомничени Бојан Јовановски и Зоран Милевски им бил одреден притвор од 30 дена и поради опасност од бегство. Боки 13 беше уапсен на граничниот премин Богородица и Обвинителството се сомнева дека се обидел да избега.
Русковска рече дека вечерва биле извршени претреси во домот и канцеларијата на Боки 13, и дека е одземен мобилен телефон од еден јавен обвинител.
„Мобилниот телефон е одземен за да ја видиме комуникацијата меѓу јавниот обвинител и првосомничениот.Не е вршен претрес ниту кај друг јавен обвинител и засега нема зошто да бидат изведени пред судија. Постапката е отворена за да се види кој се е инволвиран во целиот настан“ рече Руксовска.
Таа исто така рече дека поседуваат и аудио и видео докази за осомничените. Обележани пари нема, но има други спец мерки.
Таа се надева дека истрагата ќе продолжи и дека имало и други сведоци.
Додека Русковска ја даваше изјавата, од Судот излезе Бојан Јовановски кој на обвинителката и рече :„Извинете што ве прекинувам додека кажувате лаги“.
На Бојан Јовановски вечерва му беше одреден 30 дневен притвор.
Во истрагата која се води за протизаконско влијание и перење на пари се води и финансиска истрага за сите осомничени,со цел доказ за поседување на имотот . До колку немаат доказ како го стекнале, ј го поседуваат а не можат да докажат од каде им е, обвинителствотоќе покрене обвинителен акт ќе бара одземање на тој имот од сите осомничени.