Мицотакис, кој беше информиран од страна на министерот за одбрана, Никос Панајотопулос, неговиот заменик Алкивиадис Стефанис и военото раководство на Грција, изјави дека меѓу приоритетите на неговата Влада е зајакнување на одбранбените способности на земјата во рамките на Европската унија и НАТО.

Тој, исто така, истакна дека моралот во армијата останува силен.

  “И покрај големите проблеми и последици од една децении криза, која имаше економски последици за буџетите на вооружените сили, единственото нешто што никогаш не пасднало , беше моралот на војската “, рече тој.

“Сакам да ја искористам оваа прилика да ја изразам мојата благодарност и гордост за сите жени и мажи од вооружените сили, бидејќи тие се нејзината душа”, додаде Мицотакис.

   Началникот на Грчкиот Генералштаб на Грција (GEETHA), Христос Христодулу, му ја претстави на Мицотакис пилотската униформа со обележја на воздухопловните сили и неговото име, и го покани премиерот да лета со него во борбен F-16 над Кастелоризо, во југоисточна Егејското Море, што Мицотакис го прифатил.