Помина ратификацијата за нашето членство во НАТО во Комитетот за надворешни односи во Сенатот на САД. Наздравје со Фил Рикер, за идното сојузништво“, напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров на својата Фејсбук страница под фотографија на која наздравува со вршителот на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер.
