Меган Маркл се вработи како модна уредничка

од desk2
127 прегледи

Војвотката од Сасекс , Меган Маркл, без оглед што неодамна стана мајка, ќе почне да работи.

Во тајност било договорено , Меган да се вработи во британското издание на модниот магазин Вог и тоа како гостинка- уредничка. Според британските медиуми, сопругата на британскиот принц Хари има намера на списанието да му даде ,, хуманитарна нота со фокус на омилените хуманитарни акции , за екологија и проблемите на жените” .

Уредникот на британскиот Вог, Едвард Енинфул , успеал да ја убеди Меган да ја прифати работата како гостинка – уредничка , а воедно да даде и ексклузивни фотографии и интервју за големиот едиторијал.

За истата работа се обидела да ја убеди и уредничката на американскиот Вог, Ана Винтур , но Меган се решила да му даде предност на британското издание.

Меган единствено не се согласила во британското издание да се објавуваат приватни семејни фотографии , зашто не сака да се одвлекува вниманието од важните теми , за кои ќе пишува.