118
Човештвото од денес живее на кредит, бидејќи веќе ги употребило сите природни ресурси на планетата за оваа година, и тоа е два месеца порано. Тоа го нагласува невладината организација Глобал футпринт нетворк.
Жителите на Земјата ги користат сега природните ресурси 1,75 пати побрзо од капацитетите за обнова на екосистемите, се додава во соопштение од организацијата.
– Го исцрпуваме природниот капитал на нашата планета и и го намалуваме регенаративниот капацитет, предупредуваат тие.
Начините за искористување на ресурсите се различни во државите – Катар ги исцрпува ресурсите за целата година за само 42 дена, Индинезија за 342. Ако сите живеат како Французите, ќе ни требаат 2,7 планети, а како Американци – 5 планети, нагласува организацијата.