Романската влада планира да ги врати популарните продавници од социјализмот , објавија локалните медиуми.

Три децении по падот на дисфункционалниот трговски монопол под комунизмот, владата размислува да отвори државни продавници, наречени Униреја.
Постарите Романци сè уште се сеќаваат на што значеа комунистичките продавници во последните 10 години : празни продавници, арогантни продавачи и долги редици пред продавниците.
Сега, три децении по исчезнувањето на државниот монопол над продажбата на мало, владата се обидува да ја оживее идејата.
Униреа ќе работи со малите земјоделци во Романија,кои се над 2 милиони луѓе. Компанијата веќе започна да ги поканува помалите земјоделци да го продаваат својот зеленчук и овошје во продавниците создадени од владата. Најмалку 60 продавници ќе им продаваат стоки на земјоделците.
Идејата за најнапреден ланец на продавници ја објави поранешниот лидер на романската Социјалдемократска партија, Ливио Драња, осуден на 3,5 години затвор за злоупотреба на службената должност додека водеше кампања против мултинационални компании кои го контролираат најголемиот дел од пазарот во земјата.
Драња ги обвинува странските компании и ЕУ за „труење“ на Романците со недоволна квалитетна увезена храна.