Мицкоски се сретна со Орбан, a со Грујо?

од Марта Пешевска
246 прегледи

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски  , заедно со потпретседателот г. Александар Николоски  е во Будимпешта  и се сретна со унгарскиот премиер Виктор Обран, соопштија од партијата.

На средбата разговарале за актуелната политичка и економска состојба во земјава, главните предизвици со кој таа се соочува, за стратешките интереси и перспективи на Република Северна Македонија како и прашања поврзани за меѓусебна соработка на партиско ниво меѓу партиите на Мицкоски и Орбан во рамките на Европската Народна Партија..

Засега нема информации дали е направена средба со екс лидерот и почесен претседател  на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски,  кој пребега од Македонија во Унгарија е под заштита и обезбедување на унгарскиот премиер Виктор Орбан.Се тврди дека Груевски има директно влијание и е на линк со новото раководство на ВМРО ДПМНЕ.

Никола Груевски е  азилант, осуденик од Македонија кој избега за да не ја издржува затворската казна за незаконитости и криминал за време на неговото владеење како премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ. Се шпекулира дека тој иако е пребеган во Будимпешта сеуште го има своето влијание во партијата. Таа во овој период е предводена од Христиан Мицкоски и неговите приврзаници, но внатре функционират и крилата на Груевски, Мијалков и неформалната и формална пратеничката група.

Веројатно поради таа поделеност и неконсолидираност Мицкоски и неговата група засега одбегнуваат предвремени парламенарни избори, иако таа фраза е во секој нивен настап во јавноста.