Што е Делчев!? Историчарите против рокот што го постави Борисов: Мора само да се умре!

од Марта Пешевска
195 прегледи

 Продолжуваат притисоците за брзо решение, овојпат од премиерот Бојко Борисов за брзо решение за припадноста на историскиот лик Гоце Делчев. Тој бара до октомври да се расчисити и повтори дека мора, мора .. а историчарите му вратија дека само мора  да се умре.

Инаку контроверзите околу толкувањата  за македонштината на Гоце Делчев како македонски јунак или бугарски револциониер и не е така едноставна работа  за да се брза. Таа дилема ја имал и известувачот на Тајмс кој во 1903  ќе ги наведе и двете формулации, јавувајќи за смртта на Делчев.

Токму и поради тоа и други историски докази за војводата Делчев историчарите му реплицираа експресно на бугарскиот премиер Борисов за неговите  вчерашни услиби да дава експресни рокови за решавање на оваа прашање меѓу Бугарија и Македонија.

Македонците ќе немаат основа за чествување на Гоце Делчев доколку тој биде изучуван како Бугарин“, смета членот на заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања, Петар Тодоров, во изјава за 360 Степени.

Од таму историчарите му реплицираат на Борисов дека мора само да се умре а не да се носат бтзоплети решенија кои не се ниту во духот на Договорот за добрососедство. Заплеткувањето во националнит истории на Балканот не носи никому добро, та затоа мора да се биде внимателен и да се решава без притисок велат тие отфрлаќи ја пораката на Борисов до октомври да се затвори оваа прашање, што е Гоце Делчев.
Владите на С. Македонија и на Бугарија веќе ги усвоија препораките на Комисијата за заедничко чествување на Цар Самоил, браќата Кирил и Методиј, Свети Климент и Свети Наум. Историчарите од двете земји изготвуваат препораки за подобрување на некои од учебниците по историја во двата обазовни системи и одбиваат да работат под притисок.