НАСА: Откривме „Супер Земја“

од desk2
164 прегледи

Научници на НАСА кои ги проучуваат снимките што ги испраќа сателитот TESS, велат дека нашле планета оддалечена околу 31 светлосна година од нас на која може да има идеални услови за живот.

НАСА ја именуваше GJ 357, но научниците ја нарекоа „Супер Земја“, под претпоставка дека на неа има слични услови како на Земјата, само што таа е многу поголема од нашата планета.

„Сметаме дека ова е прва блиска Супер Земја на која луѓето би можеле да живеат“, рече д-р Лиза Калтенгер, која го водеше ова истражување.


„Поради густата атмосфера на планетата, може да се задржи вода на тамошната површина, како на Земјата, и се надеваме дека во следните снимања ќе можеме да регистрираме и знаци на живот“, додаде Калтгер.

Дијана Косаковски од Институтот Макс Планк за астрономија во Хајделберг, која е коавтор на специјална студија за астрономија и астрофизика, смета дека новооткриената планета е во надворешната орбита околу својата sвезда и дека прима приближно иста количина енергија колку што стигнува до Марс од Сонцето.

Слични содржини