Климатските промени се една од причините за поплавите во регионот Иркутск и пожарите во Сибир . Ова го изјави директорот на метеоролошката служба на Русија, Максим Јаковенко, пред новинарите, цитиран од ТАСС.
Тој објасни дека во последните 20 години од минатиот век имало 100-150 опасни природни појави кои влијаат на економијата секоја година, а сега има 450-500 вакви опасни појави, нивниот број ќе продолжи да се зголемува и во блиска иднина.
Во регионот Амур, каде беше прогласена вонредна состојба на 25 јули како резултат на поплавите предизвикани од поројните дождови, погодени се 462 куќи со 962 лица. Повеќе од 2.500 луѓе се евакуирани.