Руски воен авион во еден ден исфрлил повеќе од 1.200 метрички тони вода на подрачјата зафатени од шумските пожари во Сибир, постигнувајќи напредок во гаснењето на огнот напишаа пропутиновските медиуми.
Руските оружени сили соопштија дека со вода од воени авиони и хеликоптери е угаснат пожар на околу 1.700 квадратни километри во областите Иркутск и Краснојарск.
Рускиот претседател Владимир Путин откако ја одби помошта на Трамп, да се помогне во гаснењето на огнената стихија, минатата недела побара од воениот персонал да се вклучи во борбата против шумските пожари во Сибир и на Далечниот Исток, кои заедно зафатиле територија со големина на Белгија.
Неговите медиуми сега пожарот го користат како пропаганда за моќта на руската авиајција, во недела во која путиновската власт спречува и апси демонстранти, преку 800, и на овој начин го дефокусира режимскиот пристап на Кремаљ кон неситомисленците, без да објасни зошто одбиваат странска помош ако целта е гаснење на огнената стихија.