Во куќата на милијардерот педофил Епстајн најдена слика од Бил Клинтон во фустан и високи потпетици

од desk2
150 прегледи

Додека случајот со Џефри Епстајн се расплеткува, во јавноста излегуваат се повеќе неверојатни детали од животот на озлогласениот американски милијардер.

Епстајн во текот на бурниот живот развил мрежа од влијателни и моќни пријатели, како Бил Клинтон, Доналд Трамп и Бил Гејтс. Во едно од сведоштвата кои овие денови се појавиле, се наведува дека во вилата на Епстајн на Менхетн, меѓу другото, има и многу необична слика од Бил Клинтон.

На сликата поранешниот американски претседател е облечен во женска тоалета и потпетици, пишува “Daily Mail”.

Се претпоставува дека столчето на кое Клинтон седи на сликата се наоѓа во Овалниот кабинет во Белата куќа, бидејќи се гледа препознатливиот син тепих.

Иако некои медиуми шпекулираат дека фустанот е референца на Моника Левински, тој всушност потсеќа на фустанот кој Хилари Клинтон го носела на приемот во Центарот Кенеди во 2009-та година.

Сликата со име “Parsing Bill” и се припишува на австралиско-американската уметничка Петрина Рајан Клајд.

“Тоа апсолутно е Бил Клинтон. Шокантно е, тоа е дефинитивно негова слика. Беше толку провокативна, сексуална слика. Носеше високи потпетици и син фустан, а раката му беше во чудна положба”, рекол анонимниот сведок.

Епстајн, кој е обвинет за злоставување на девојчиња, пронајден е мртов во својата ќелија во Њујорк.

Слични содржини