Еден од лекарите што лекувал пронашол цезиум-137 радионуклид во мускулното ткиво.
Околу 60 болнички персонал ќе бидат испратени на истражување во Москва,пренесува The Moscow Times.
Потсеуваме, на 8 август, при неуспешни тест на ракета со нуклеарен мотор избувна експлозија , поради што радијацијата во реонот се зголеми најмалку 16 пати над дозволените нивоа. Според различни извори, меѓу 7 и 15 лица загинале, но точниот број на загинати и жртви е малку веројатно да се знае, бидејќи властите кријат информации.
Извори велат дека е направен обид да ги евакуираат во Москва, но двајца починале на патот кон аеродромот.
Лекарите посочија дека станува збор за зрачење, но никој не сака да потврди.
Според северната новинска агенција, тимот за третман подоцна добил оловони престилки подоцна, но ова не е сигурна одбрана.
„Персоналот бил шокиран“, изјавил еден од медицинските лица за „Москва Тајмс“, наведувајќи дека болницата е цивилна, а не воена.
Портпарол на „Нордик њуз“ тврди дека приемниот оддел и оперативната единица биле затворени неколку дена заради увезената радиоактивна прашина.
Лекарите кои оствариле контакт со пациенти во ракетата, потпишале изјави за доверливост, пренесува „Москва тајмс“.
Сите податоци за зрачените пациенти се избришани од списанијата во болницата.