Катица Јанева е во кривичен.Јавното обвинителство бара притвор, се запленуваат докази од нејзиниот дом , канцеларија и куќата во Гевгелија .
Премиерот Зоран Заев на неколкупати повтори, дека тој ја пријави аферата, и на неколкупати повикува на темелна и независна истрага за овој случај. Заев вети дека секој кој бил инволвиран ќе си одговара.
Владата денеска се изјасни дека нема да дозволи предметот „Рекет“ да се злоупотреби од страна на непријателите на евроатлантските интеграции на земјава.
– Очекуваме истрагата да продолжи онаму каде што водат доказите, да ги покаже сите детали и никој да не биде поштеден, ниту амнестиран. Одговорност мора да понесат сите инволвирани – изјави портпаролот Костадинов.
Тој посочи дека владејачката СДСМ ги охрабрува надлежните институции да продолжат со длабинска и независна истрага за случајот „Рекет“.
Од опозициската партија ВМРО – ДПМНЕ првин го нападна премиеорт Зоран Заев дека тој гарантирал за изборот на Катица Јанева и дека тој стоел зад неа, а по нивната логика и зад криминалот на Јанева и демек тоа била само една алка.
Изгледа опозициониерите во обидите да го минимизираат апсењето, дека не значи ништо, и кое не го очекуваа, заборавија и дека нивниот лидер Никола Груевски, сега бегалец и осуденик,во тоа време исто застана зад Катица Јанева.
Потсетуваме на изјавата на Груевски, за која денеска не потсетија од опозицисксата ВМРО ДПМНЕ, во која и тој ја даде целосната поддршка:
Инаку специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска беше приведена по налог на Обвинителството за организиран криминал, кое ја терети за кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластувања“. Обвинителството побара притвор за Катица Јанева, за што попладнево ќе одлучува судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд.Сослушувањето е во тек.