(Вознемирувачко видео) Среде Тбилиси , жена со нож расече тригодишно дете 

од desk2
179 прегледи

Среде авенијата Пекини во центарот на главниот град на Грузија, Тбилиси , средовечна жена извади нож и му го расече лицето на тригодишно дете, пренесе Канал 5.

Без никаков повод, 51- годишна жена му го расече лицето на тригодишно дете , кое шета со мајка си за рака . Видеото , објавено на социјалните мрежи , го шокира светот.

На снимката се гледа како една жена минува покрај друга жена , кое држи мало детенце за рака и во еден момент жената вади нож и му го сече лицето на детето.

https://www.youtube.com/watch?v=XhvzeoDvbW0

Покрај нив поминува уште еден татко со мало дете, но и покрај шокот, тој успева на време да го тргне неговото дете. Жената тргнува кон улицата , а мажот се обидува да ја стигне ,но во еден момент таа замавнува со нож кон него.

Жената е уапсена и и се закануваат седум до десет години затвор. Родителите на детето велат дека никогаш во животот не ја виделе.

Детенцето има сериозна рана по десниот образ и носот , па веднаш по нападот е однесено во болница и раната му е зашиена.

Слични содржини