И кучињата станаа загрозен вид во Гренланд

од desk2
227 прегледи

Според истражувањето на универзитетите во Копенхаген и Гренланд, 67% од луѓето во Кулузук веруваат дека кучињата ќе бидат загрозен вид заради глобалното затоплување.


Бројот на кучиња влекачи во Гренланд во 2016 година изнесувал 15.000, додека пред скоро 15 години на таа територија се одгледувале 25.000 кучиња.

Климатолозите ова лето објавија фотографии од кучиња кои тешко се пробиваат на фјордовите на Гренланд поради стопениот мраз.

Истражувачите предупредуваа дека на Гренланд може додатно да се стопи мразот оваа година, што би го зголемило нивото на морето до два милиметри.

Слични содржини