173
Во државното јавно обвинителство, преку судија на претходна постапка, вчера пристигнало уште едно писмо од Катица Јанева со кое специјалната обвинителка лично дава писмена согласност за редовното обвинителство да може да гони по предметите на СЈО.
Со тоа се расчистени процедуралните дилеми во врска со предавањето и преземањето на случаите на специјалното обвинителство што се појавија во СЈО и во ЈОРСМ по првите дописи на Јанева, со кои ги овласти обвинителите-помошници да ги предадат случаите.
Информацијата за новиот пристигнат допис од специјалната обвинителка за „360 Степени“ ја потврди државниот обвинител Љубомир Јовески.
Повеќе на следниот линк.