Падна ПРВИОТ СНЕГ на Балканот

од desk4
141 прегледи

Деновиве особено синоќа во вечерни часови, на северот од Балканот дојде до спуштање на значително посвеж воздух и токму оваа ситуација е поврзана со поинтензивни врнежи и грмежи.

Поради падот на температурите во Словенија на високите планински места веќе започна да паѓа и првиот снег за оваа сезона. Започнато е формирање и на бела покривка а врнежите ќе продолжат и понатаму. Снег паѓа на Кредарица, а сето ова за нашиот дел од Европа е и сосема очекувано во овој дел од годината.

Во Македонија и во следните два дена атмосферата нема да биде во целост стабилна, па така и понатаму ќе има особено изолирана појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи како и со засилување на викендот.

Многу постабилно време ќе имаме особено од четврток па за време на следниот викенд, а максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот претежно од 24 до 32 степени.

За време на следниот викенд ќе започне да дува северен ветер, што ќе биде најава за позначителен пад на температурите на воздухот од следната недела.

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 18 степени, а дневната од 22 до 31 степен.

Во Скопје и околината утринската температура ќе достигне до 16 степени, а дневната до 29 степени.

Слични содржини