Со развојот на современите технологии, се дојде и до паметен стап кој може да им помогне на слепите лица.
Револуционерниот паметен стап е наречен WeWalk и на слепите лица им помага по пат на навигација која го следи вистинскиот пат и го носи корисникот до вистинската локација.
Стапот е осмислен од Курсат Кејлан, инжинер и основач на непрофитна организација, а со оглед на тоа дека и самиот тој е слеп од прва рака знае со какви тешкотии се соочуваат слепите лица, па затоа решил да им го подобри животот на овој начин.
„Слеп сум и на станицата на метро не знам на кој излез треба да се упатам, не знам кој автобус доаѓа ниту кои продавници се наоѓаат околу мене. Сите тие информации ги пружа стапот WeWalk”, вели тој за Си-ен-ен.
WeWalk паметниот стап им помага на лицата со оштетен вид со помош на технологијата која секојдневно ја користиме. Се што е потребно е со помош на апликацијата WeWalk да го поврзете стапот со вашиот телефон. Тој има вградени звучници, гласовен асистент, гугл и сензори кои со вибрација го предупредуваат корисникотна евентуални препреки.