Папата ја прими италијанската фудбалска репрезентација

од desk2
141 прегледи

 

Папата Франциск ја прими италијанската фудбалска репрезентација која му подари дрес со неговото презиме Бергољо.

Дресот со број 10 го потпишаа сите фудбалери.

Капитенот Леонардо Бонучи на поглаварот на Римокатоличката црква му предаде документ за донација на медицински апарат за детската болница која ја води Ватикан.

Фудбалерите неодамна престојуваа во таа болница во Рим каде поминаа време со децата кои се лечат во таа установа.

Аргентинскиот папа е љубител на фудбалот, па им се заблагодари на фудбалерите на посетата на болницата, а зборуваше за радоста од играње со топка, затоа што и со крпена топка може да се направат чуда.