161
Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски денеска ќе и се обрати на нацијата по повод одлуката на Самитот на ЕУ, каде Северна Македонија и Албанија не добија зелено светло за старт на преговорите.
Обраќањето на претседателот се очекува да биде откако Европската Унија и официјално ќе ги соопшти позициите на земјите-членки за проширувањето и внатрешните реформи.
Инаку, претходно Пендаровски ги повика лидерите на парламентарните политички партии на средба во недела.