Заев предложи избори: Граѓаните да кажат дали се за напред или за изолација

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Пред два дена во Брисел ни беше направена огромна неправда, ние испорачавме, а тие не си останаа на зборот, рече премиерот Зоран Заев на прес конференција.

Според него, дека е историска грешка потврдиле и огромното мнозинство европски лидери кои се бореле за да се донесе позитивно решение за Македонија.

„Јас сум разочаран и лут и знам дека сите граѓани тоа го чувствуваат. За мене лично, ова неисполнето ветување е лоша и неправедна одлука на Унијата. Но, тоа е одлука на ЕУ заради нивни нерешени работи и таа одлука ние не можевме да ја промениме. Сепак, ние сме одговорни за одлуките кои ги носиме за нашите граѓани. Сериозноста бара сериозна одлука. Поаѓајќи од тоа, ја преземам врз мене одговорноста. Се исправам пред вас и јасно порачувам, европскиот сон на македонскиот народ нема да биде срушен. Европскиот сон на сите народи кои живеат тука нема да биде срушен. Сега е потребен вашиот став, немаме време за губење. Мојот предлог е организирање брзи и предвремени избори, на кои вие ќе донесете одлука и токму ова ќе биде мојот предлог кај претседателот Пендаровски. Граѓаните имаат мандат да одлучат дали да одиме на вистинскиот пат, патот што води напред или да одиме по мрачниот пат, патот на изолацијата, национализам, поделби и конфликти, односно патот што оди назад“, рече Заев.

Тој додаде дека само граѓаните имаат мандат дали ќе изберат позитивни мерки или уназадување во заробена држава.

Слични содржини