СИРИЗА по најавата за избори во С. Македонија: Се потврдува неодговорноста на европските лидери

од Vladimir Zorba
296 прегледи

Грчката опозициска партија СИРИЗА на Алексис Ципрас се јави со соопштение по најавата на премиерот Зоран Заев дека во Северна Македонија ќе има предвремени парламентарни избори. Според партијата на Ципрас, случувањата во Скопје само ја потврдуваат неодговорноста на европските лидери.

„Случувањата во Северна Македонија ја потврдуваат неодговорноста на европските лидери и недостигот на кредибилитетот на ЕУ. По отфрлањето на почеток на пристапни за Северна Македонија и објавување предвремени избори, некои во Грција, кои бесмислено зборуваа за штетен договор и за трампа со европејците, наскоро ќе молат да не биде избрана нивната братска партија ВМРО и да се стави во опасност Договорот од Преспа“, стои во соопштението на СИРИЗА.

Слични содржини