Подгответе го телото и бидете здрави цела зима

од desk4
288 прегледи

Средината на есента е одлично време за да почнете да го подготвувате своето тело и да се потрудите да се заштитите од вируси и настинки, кои може да бидат навистина здодевни.

Следете ги овие едноставни правила и постои голема веројатност следната зима воопшто и да не се разболите:

Внесувајте витамини

Јадете нутритивно богата храна, а ако има потреба внесувајте и витамински суплементи, за да го зајакнете вашето тело.

Физичка активност

Разбирливо е да сте мрзоволни, но не заборавајте дека физичката активност е половина здравје.

Внесете зимска храна

Топли чорби, супи, чаеви, какао, сето ова редовно треба да е на вашето дневно мени уште во текот на есента. Користете сезонски намирници.

Не се кријте од сонцето

Искористете ги последните сончеви денови за да престојувате што подолго време во природа и да „насоберете“ доволно витамин Д, за да го издржите зимскиот период.

Подготвувајте домашни супи

Обидете се секој ден да јадете барем една чинија домашна супа, за да внесете и витамини и минерали, но и електролити.

Слични содржини