Мек и совршен колач од портокал (РЕЦЕПТ)

од desk4
516 прегледи

Овој вкусен и лесен десерт се подготвува за помалку од еден час, а сите намирници веќе ги имате дома.

Потребни состојки:

4 јајца
1,5 чаши шеќер
Половина чаша масло
2 чаши брашно
4 лажички пециво
Половина лажичка сол
Половина чаша сок од портокал
Изрендана кора од два портокала
Лажичка ванилин шеќер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Со миксер изматете ги јајцата и шеќерот. Измешајте ги во друг сад брашното, прашокот за пециво, солта и ванилиниот шеќер. Спојте ги двете смеси и додадете го сокот од портокал.

Мешајте додека да добиете мазна смеса. Додадете ја кората од портокал. Печете околу 40 минути.

Слични содржини