Османи и Димитров денеска на отчет пред пратениците – Што по одложувањето на преговорите со ЕУ

од Vladimir Zorba
131 прегледи

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска ќе имаат обраќање пред пратениците. Двајцата ќе даваат отчет на Комисијата за европски прашања на покана на претседателот на Комисијата, Артан Груби.

Комисијата има закажано седница посветена на евроинтегративните процеси на Северна Македонија по Самитот на Европската Унија во октомври 2019 година.

На седницата, освен пратениците кои се членови на Комисијата, поканети се сите парламентарци, претставниците на дипломатскиот кор во земјава, претставниците на владиниот и невладиниот сектор, академската заедница и медиумите.

Слични содржини