Села: Самиот Рамковен договор вели дека Уставите треба да се прилагодуваат според потребите на граѓаните

од Vladimir Zorba

Ние имаме политичка платформа. Политичката платформа на една партија е главна на која треба да се држи една партија. Сите ние бараме стабилизијација и слобода, а од друга страна не треба да гледаме со предрасуди. Слободата се дешифрира со една реченица, „не ме спречувај“. Кога една власт ти го спречува правото, а ти дава да почитуваш само тоа што го налага, тоа е спречување на слободата. Нашите намери се да почитуваме и да не почитуваат. Мојот јазик не може да се вика различно, тој е албански јазик и така треба да се вика. Сите прашуваат а добро, што се другите етнички заедници, рече лидерот на Алијансата за Албанците во интервјуто на Канал 5 Телевизија.

„Самиот Рамковен договор вели дека Уставите треба да се прилагодат на потребите на граѓаните кои ги има државата. Јас не велам дека треба да се форсираат работите, ама Рамковниот договор е од 2001 година, зарем не треба да се менува. Законот за јазици се донесе зошто јас реков дека ако не се донесе во рок од 100 дена, ќе излезам од владата. Македонија можеби е единствена држава која има прогласено независност со укинување на една третина од народот. Претходно, три јазици беа официјални во државата, македонскиот, албанскиот, турскиот. Барањата не се нови, исти се кои се ветувани пред народот и граѓаните, но се нереализирани. Во колку наврати Али Ахмети рече дека во последните 10 години е затворен Рамковниот договор. Немојте како репер да го земате Али Ахмети“, рече тој.

Според него, Алијансата за Албанците нема да ги лови гласовите на националистичко ниво и додава дека општеството има голема рана, односно заминувањето на младите.

„Над 500 илјади граѓани избегаа од државата. За ова имам зборувано и во 2016 година. Тука ќе биде насочена и нашата програма. Некој бега зошто иако живее добро, сака иднина за своите деца, некој зошто сака добри здравствени услуги, а некој зошто нема сигурност. Сите криминалци си шетаат по улици. Тука треба да делува секоја нова Влада“, рече Села.

Тој вели дека власта се договорила дека треба да се отвори дебата за знамето и химната, но тоа не треба да биде договор на една Влада, туку на сите политички партии во С. Македонија.

„Јас зборувам за Уставот од 1991 година. Кога се носи знаме, треба да се гласа во Собрание. Нека ги почитуваат граѓаните законите, тоа е најбитно. Ние сме партија, конгресот не е некоја си институција, а во институциите се почитува и знамето и се. Во договорот што е потпишан, ние сме спремни да отвориме дебата околу химната и знамето. Не може само една Влада да направи такви промени, треба сите политички партии“, рече Села.

Во врска со Законот за јазици, Села рече даде примери во држави во кои малцинствата кои се 5% во државата имаат поголеми јазични права отколку Албанците во Северна Македонија.

„Ако секој е спремен да се седне со ладни глави и јас сум спремен, ама не само за препораките на Венецијанската комисија на Законот за јазици. Имаше притисок и од еврокомесари за да ние го тргнеме барањето во рок од 100 дена да се донесе законот. За да добие време Заев, почна да зборува дека ќе го пушти Законот во Венецијанска комисија за да ги победи и локалните избори. Велеа дека е поважен договорот со Грција, но за мене поважно од мојот мајчин јазик ништо не е. Само за парите и униформите побаравме мислење во Венецијанската комисија, не за другото. Швеѓаните во Финска се околу 5%, а тие имаат службен јазик во државата. Во Косово решен е тој проблем уште кога се прогласи независноста, никој сега таму не зборува за јазични права, ниту се прешкртуваат букви, таму има таков феномен само во Република Српска. Не знам кој ќе биде резултатот на Венецијанската комисија, но мислам дека тие треба да ни кажуваат добри пракси од ЕУ, како Белгија, Швајцарија“, вели во интервјуто Зијадин Села.

Слични содржини