Полицијата приведе Данец на граничниот премин Деве Баир

од Ивана Рамаданова
327 прегледи

Поради сомнение за кривично дело „фалсификување на исправа“ вчера во 18:10 часот на граничниот премин „Деве Баир“ од слобода бил лишен Ј.А.Л.(22) од Данска.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи Данецот бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.