Хороскопот ни ги открива добрините и мааните, но ни открива и колкава доза на злоба имаме во себе. Меѓутоа, овие три знаци се на врвот на листата за тоа колку умеат да бидат безобразни во некои ситуации.
Девица
Личностите родени во овој знак премногу бараат, а ништо не им е доволно, што и да им пружите. Едвај и да имаат емоции, не познаваат љубов, а се се сведува на секс. Дволични се и само чекаат момент кога ќе ви заборат нож во грбот. За нив таа одлука ќе биде порполно нормална и испланирана, бидејќи таквото решение е потврдено како најдобра опција за нив.
Бидејќи совршено испланирале се, нема ни во еден момент да се посомневате дека ви подготвуваат нешто зад грб и дека сакаат да ве „елиминираат“. Кога ќе ви се поклопат сите коцки, тогаш тие ќе го откријат своето вистинско лице. Девиците се големи нарциси и немаат чувства за никого, туку само за себе.
Скорпија
Доколку на скорпијата и прети некоја опасност, таа нема да се повлече и сама да се извлече, туку ќе повлече многу луѓе со себе. Не се грижат за ништо, а уживаат во сексот, било каков и да е. За нив се вели дека се љубоморни и страшно посесивни, што некогаш може да прерасне во болест.
Кога ќе им направите нешто што не им се допаѓа, во состојба се да се претворат во мало размазено дете кое вреска, плаче и ве мрази од дното на душата. Под површината која делува интелегентно, лукаво и опасно, се крие емотивно незрела личност. Скорпиите се големи злопамтила и ќе ви вратат кога-тогаш.
Јарец
Јарците се многу строги личности кои не знаат да ги покажат своите емоции без оглед на тоа што сте им – љубовник, брат, сестра, маж, жена… Во состојба се да никогаш не ви кажат што мислат за вас. Мрачни се, спори и главно кукавици кои бегаат од опасности. Во состојба се да ве остават на цедило, колку и да ве „сакаат“. За нив исто така се вели дека се многу ископлексирани.
Ретко се случува позади овој знак да се наоѓа некоја добра личност, способна да сака, но тоа е реткост, па не се надевајте премногу.