Ретроградниот Меркур позитивно влијае врз овие 4 хороскопски знаци

од Elena Daskalova
356 прегледи

Во астрологијата, периодот кога Меркур е ретрограден е познат најчесто во негативен контекст, но тоа не мора секогаш да е така.

На 20 ноември завршува овој период, а од денес па дотогаш, четири хороскопски знаци всушност, ќе имаат доста поволности за позитивни промени.

Еве за кого се работи:

Овен

Овните ќе бидат соодветно наградени за своите постигнувања во работата. Нив сè ќе им оди од рака, а особено тоа што ќе бидат целосно здрави во периодот на есенски и зимски настинки. Времето поминато со семејството ќе им донесе само позитивна енергија и пријатни чувства.

Рак

Лошиот период помина и до 20 ноември ѕвездите ви се апсолутно наклонети. Мирни сте, спокојни, среќни, а уште повеќе ќе ве израдува неочекуван прилив на пари или пак, враќање на позајмена сума која веќе одамна ја имавте заборавено.

Вага

На професионален план е стабилно и затоа немате дополнителни главоболки. Семејството е мирно и хармонично, а тоа особено ве радува. Лошото расположение дефинитивно ве напушта и секој ден ќе бидете сè посреќни и сè порасположени споредено со изминатите 10 денови.

Лав

Секој план кој си го поставувате, уште полесно го реализирате и тоа пред предвидените рокови. Луѓето околу вас ви нудат несебична помош. Нема премрежја ниту на љубовен план. Ве очекува мала, но значајна финансиска добивка.

Слични содржини