Лејн Пирс (55) работи во перална за алишта и е мајка на три деца, а неодамна најверојатно го имала најсреќниот ден во својот живот.
Британскиот The Sun, пишува дека Пирс била во својот дом кога го отворила писмото. Истото носело информалција дека повеќе нема рак на дојката. По десет минути, дошол нејзиниот сопруг Давид, радосно врескал дека освоиле половина милион фунти на лотарија.
– Не можам да ви кажам што кажав, беше многу непристојно бидејќи неб во тотален шок. Се тресев и немав зборови, што ретко се случува. Влегов во бањата и си направив купка, лежав два часа обидувајќи се да процесирам што се случи – рекла Лејн.
Давид го проверил ливчето лотарија и сфатил дека има еден од добитните кодови за „EuroMillions Millionaire Maker“.
– Отидов дома да и кажам на Лејн, но таа веќе имаше големи вести. Писмото кое вели дека е здрава вреди повеќе од милион – рекол сопругот.
На Лејн и бил дијагностициран ран на дојката во 2015 година, а пред последнот преглед, поминала низ многу третмани. Сега го победила ракот, а парот ма план да одат на голем годишен одмор, а попатно ќе ја прослават и годишнината од бракот.