Парови кои беа омилени во деведесетите, а нивните раскинувања го шокираа светот

382 прегледи

Уште во деведесетите, јавноста имаше добар увид во интимните детали од животот на ѕвездите низ телевизијата, магазините, фотографиите, па така се издвојуваа паровите кои беа омилени.

Кејт Мос и Џони Деп 

Беа заедно 4 годиним а љубовта „пукна“ поради променливото расположение на Деп, кое и се смачило на манекенката.

Памела Андерсон и Томи Ли

Во брак беа три години и за тоа време добија два сина. Беа еден од најпопуларниот пар некогаш, а на љубовта и дојде крај поради честите скандали и прекинувања.

Витни Хјустон и Боби Браун

Првиот пат, Витни го одбила Боби поради кариерата. Сепак, се венчаа во 1992 година и беа во брак 14 години.

Брус Вилис и Деми Мур

Беа заедно целата деценија на деведесетите, добија три деца, а во 2000 година се разведоа. И ден денес се исклучително добир пријатели, дури Вилис беше гостин и на венчавката на Деми и Ештон Качер.

Никол Кидман и Том Круз 

Актерката многупати исктакна дека бракот со Том Круз ја заштитил од еден од најголемите скандали во Холивуд како и од сексуално насилство

Курт Кобејн и Кортни Лав

Нивната врска беше полна со контроверзии и постојано се пишувала за нивната склоност кон недозволени супстанци, дури и кога кортни беше бремена. Љубовта беше прекината од одлуката на Кобејн да си го одземе животот во 1994 година.

Камерон Дијаз и Мет Дилон

Оваа љубов имаше големо влијание врз животот на Мет. „Многу моќна работа е да се чувствуваш така за некого. Камерот беше моја муза“, признал јавно.

Џастин Тимберлејк и Бритни Спирс 

Љубовта пламна во 1998 година, кога беа на заедничка турнеја. Раскинаа во 2002 година.

Бред Пит и Гвинет Палтроу 

По две години љубов, Бред ја запроси Гвинет, но раскинаа 6 месеци подоцна. Сепак, додека беа заедно, сите се сеќаваме дека беа луди еден за друг, толку многу што носеа иста фризура.

Хју Грант и Елизабет Харли

Љубов која траеше 13 години, од 1987 до 2000 година. Останаа најдобри пријатели и ден денес се си дел од животот еден на друг и секогаш убаво зборуваат за нивната љубов и пријателство во интервјуата.

Риз Витерспун и Рајан Филипи

Откако станаа родители во 1999 и 2003 година, се разведоа. И двајцата мислат дека главен проблем било тоа што биле премногу млади кога влегле во брак.

Синди Крафорд и Ричард Гир

Старосната разлика од цели 17 години направи да еден од најомилените парови било кога се разведе во 1995 година.

Слични содржини