Премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев е добитник на годинешната меѓународна награда Иса Бег Исаковиќ, која ќе му биде врачена на традиционалната Свечена академија во Народниот театар во Сараево на 27 ноември, со почеток во 20 часот.
„Г-дин Зоран Заев не само што значително ги подобри односите во регионот на Западен Балкан, туку покажа силно политичко лидерство во контекст на порешително зближување со Европската унија и НАТО. Комитетот не може да знае како наредната година ќе изгледа политичката биографија на Зоран Заев, како што не беше можно и за претходните лауреати, но напорите, иницијативите и резултатите на г. Заев во 2019 година несомнено ќе бидат забележани како позитивни и историски вреднувани“, е од Комитетот.
Комитетот на единственото државно признавање во Босна и Херцеговина повторно ги обедини најистакнатите претставници на академската заедница во БиХ, со кој претседава академик Адила Пасалиќ-Кресо, потпретседател на Академијата за науки и уметности на Босна и Херцеговина.