Хаџи Кабили еден е од преживеаните во земјотресот кој го погоди Тумане во Албанија.
Кабили има скршеници и повреди на главата, но одби лекарска помош затоа што има само една желба – да се пронајде неговата ќерка (21) која е затрупана во урнатините на четирикатницата во која живееле.
„Би требало да биде заробена под оние урнатини каде беше затрупано момче. Јас имам повреди на главата, ме боли и целата десна страна кај ребрата. Не ми треба лек, повредите не ми сметаат. Барам од државата помош да ја пронајдат, би сакал да е жива“, изјави несреќниот татко.
Кабили (52) е спасен заедно со сопругата, додека нивната ќерка останала заробена. Жителите со помош на полицијата и градежните фирми работат на отстранување на урнатините и се обидуваат да ги пронајдат преживеаните.