И вереницата на синот на Рама загинала во земјотресот

од Aleksandar Petrovski
350 прегледи

Меѓу жртвите во разорниот земјотрес која ја погоди Албанија е и вереницата на синот на премиерот на таа земја Еди Рама.

Веста за смртта на вереницата ја потврди и Грегор Рама.

„Меѓу многуте загинати во таа природна катастрофа, под урнатините е пронајдена и мојата вереница, заедно со нејзиниот брат, мајката и таткото“, напиша Грегор Рама на Инстаграм.

Кристина Реци (1995), која загина во земјотресот, дипломирала дерматологија на Универзитетот во Тирана.

Дури ни Еди Рама не можеше да ги задржи солзите кога го прашаа за веста која ја пренесе неговиот син.