Еколошки протести во САД и Австралија

од Aleksandar Petrovski
181 прегледи

Во САД денеска од Лос Анџелес до Њујорк се одржуваат протести на групи млади Американци, а акцијата е под мотото „Штрајк за време на црн петок“, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Целта е да се бојкотира празничниот шопинг со огромни попусти и да се повика на промени во обичниот животен стил, за контрола над еколошките процеси.

Слични протести денеска имаше и во други метрополи, како во Берлин и Сиднеј, а целта е повик да се дејствува поактивно во запирање на климатските промени.

Во Австралија младите бараат Владата на Јужен Велс да ги запре сите проекти од областа на јагленот, нафтата или гасот, а се даде поттик за слични акции и во други градови во Азиско-пацифичкиот регион, во стилот на движењето што го започна 16- годишната активистка од Шведска, Грета Тунберг.

Протести се закажани и за наредите денови, во пресрет на климатската конференција на ОН која се одржува во Мадрид кон средината на декември, но аналитичарите предупредуваат дека таа нема да ги оправда очекувањата на демонстрантите.

Слични содржини