Јовановиќ за ограничувањето на маржите: Навредливо намалување на цените – новата Влада ја копира старата во лошите работи

од Nikola Popovski
82 прегледи

Повторуваме едни исти грешки веќе три години. Минатата Влада во неколку наврати ги ограничуваше маржите и тоа покажа дека не се намалуваат цените, односно навредливо намалување – не даде резултат. Сега оваа Влада не научи од грешките на претходниците – ја копира старата во лошите работи што ги правеше, вели економскиот аналитичар и професор Бранимир Јовановиќ за Законот за забрана на нефер трговски практики и ограничените профитни маржи за основните прехранбени производи.

Според него, Законот нема да има видливи ефекти од едноставна причина – тешко се спроведува во пракса.

-Ако сте инспектор, за да видите која е маржата на еден производ, треба да видите кои се влезните фактури, па дополнителни трошоци… Тие фактури можат да се местат, не знаете на кој период се внесуваат фактурите. Чоколадото што го гледате на штандовите, дали е купено од таа фактура или претходната… Постојат милион начини за да се изигрува тој закон. Не можам да сфатам зошто Владава упорно инсистира на тие мерки, рече Јовановиќ во емисијата „Топ тема“.

Додава дека Владата ова го гледа како единствено нешто што може да го испорача набрзина во краток рок.

-Не сакаат да зголемат плати на работниците и сега ќе одат на намалување на цените, иако тој простор е минимален, посочува економскиот аналитичар.

Слични содржини