Актерката Кортни Кокс (55) ги воодушеви фановите споделувајќи фотографија со ќерката Коко Арквет (15).
Како би го обележала Денот на благодарноста таа на фотографијата изрази благодарност до својата ќерка. Нејзината пријателка Џенифер Анистон веднаш ја искоментирала фотографијата.
„Коко! Пребрзо растеш или јас стареам? Те сакам многу“, напиша актерката.
Многубројни фанови не останаа рамнодушни па и коментираа на актерката со пофални зборови.
Фановите, освен што ја пофалија фотографијата, забележаа дека лицето на Кортни изгледа се помладолико и измазнето, па ја советуваа да го остави ботоксот.
Холивудската актерка има признаето дека не и се допаѓало како излега, па вградила филери во лицето. Таа призна дека на почетокот била задоволно, но подоцна сепак пожалила што го направила тоа.
– Јас сум актерка и го користам своето лице за да одглумам нешто. Тогаш не можев поради ботоксот. Се чувствував ужасно -рекла актерката.
Меѓутоа резултатите не испаднале онакви какви што сакала. Лицето во потполност и се сменило по бројните естетски операции.
– Не го сфаќав тоа се додека еден ден не застанав и реков ‘Ох, па не личам на севе’ – признала Кокс која сакала да го одржи младоликото лице.
Пред две години таа започнала да го „враќа“ стариот изглед, па отстранила неколку импланти кои и создавале проблеми. Признала дека цел живот сметала дека убавината е најважна и го запоставувала здравјето.
– Тоа е помалку тажно бидејќи ме доведе во неволја. Многу се трудев да сум во чекор со времето, а вусшност само ги влошив работите – заклучила Кортни.