Дескоска: За жал, демантираме дека Груевски е уапсен

од Ивана Рамаданова
288 прегледи

Министерката за правда, Рената Дескоска преку својот фејбук профил ја демантираше информацијата дека поранешниот премиер Никола Груевски е уапсен во Унгарија.

„За жал, демантираме дека Груевски е уапсен. На јавноста ѝ е познато дека Министерството за правда веднаш по бегството на Никола Груевски – уште минатата година, испрати барање за негова екстрадиција и истото беше одбиено. Во прилог на ова е последниот доспис од 31 октомври 2019 година, од унгарското Министерство за правда, во коешто нè информираат дека по одбивањето на екстрадицијата, документите биле испратени во унгарското обвинителство“, вели министерката Дескоска.

Таа истакна дека Унгарското Министерство за правда информираше дека Јавниот обвинител одлучил да не иницира кривична постапка, ниту било какви други мерки против Никола Груевски.

Слични содржини