Косовското специјално обвинителство поднесе обвинение против шест лица Н.С., М.Р, С.А, Д.М, З.Ј и Р.Б осомничени за убиството на Оливер Ивановиќ на 16 јануари 2018 година.
Осомничените се товарат за кривичните дела: Помагање во реализирање на делото – Тешко убиство, Неовластено поседување, контрола или поседување оружје без дозвола, „Откривање на службена тајна, Злоупотреба на службената должност во ко-извршување и Манипилација со докази во ко-извршување“.
Специјалното Обвинителство информира дека осомничените Н.С., М.Р., и Р.Б., кои се наоѓаат во притвор, и М.Р., З.В., и Ж.Б., кои се во бегство, за кои надлежниот суд даде налог за нивно апсење, делувајќи како криминална група со структура и своја хиерархија, со формално определени улоги, група која не е формирана случајно, која делува од 2011 година наваму, група која е управувана од З.В и М.Р, кои се во бегство, сите овие осомничени делуваат во континуитет и во соработка, со цел за да реализираат едно дело или повеќе“, се вели во соопштението косовското специјално обвинителство.