Хороскопски знаци кои со тешко срце кажуваат „те сакам“

од Elena Daskalova
189 прегледи

На некои едноставно, им оди од рака постојано да изразуваат љубов некому, додека други едвај можат да ги иговорат тие два збора.

Се работи за кратка реченица, која има неверојатна моќ, но и покрај тоа, често е тешко да се искаже гласно. Најтешко им оди на Близнаците, Девиците, Скорпиите и Лавовите.

Близнаци

Нив им треба многу време додека да се опуштат во новата врска, а со тоа и додека навистина да почувствуваат дека некого вистински сакаат. Со други зборови кажано, тие не би ги изговориле тие зборови, ако не се сигурни дека личноста им значи и дека во целост ѝ се предадени.

Девици

Девиците имаат постојана потреба нештата да бидат совршени, па затоа и не брзаат да кажат „те сакам“, додека врската не е доволно силна и стабилна. Често ги преиспитуваат и своите емоции и поради тоа ни самите не се сигурни дали би кажале „те сакам“ толку лесно колку што се очекува.

Скорпија

Тие сакаат долги врски, го почитуваат правилото дека со партнерот треба да се и во добро и во зло. „Те сакам“ ќе изговорат дури кога ќе бидат 100% сигурни дека врската е сериозна и цврста. Претходно воопшто не би покажувале ниту емоции, ниту ранливост, од страв да не бидат повредени.

Лав

Не е дека не умеат да кажат „те сакам“, но за нив тие зборови веќе ја имаат изгубено вредноста и ги чувствуваат како тривијалност. Но затоа, со секое свое дело ќе ви покажат, бидејќи нивниот став е дека делата кажуваат многу повеќе од зборовите. Но, дали и нивниот партнер го дели тоа мислење?

Слични содржини