362
Од СДСМ очекуваат во Собранието да влезе Законот за Јавно обвинителство, брифираат денеска од партијата.
Исто така, оттаму сметаат дека ќе биде променет Изборниот законик и ќе се изгласа една изборна единица.
– Тоа може да се оствари уште овие избори, велат од партијата.
СДСМ е целосно мобилизиран на терен, а според нив, „сите истражувања покажуваат дека се посилни од ВМРО-ДПМНЕ“ и дека ќе ги добијат изборите“.
Околу 15 јануари ќе соопштат со кога ќе бидат во коалиција на престојните избори.
– Правда е она што го бараат ѓраѓаните, инфаструктура, плата… Ова се барањата на граѓаните од кампањата од „врата на врата“, посочуваат од СДСМ.