На самиот почеток на 2020 година, Скорпиите ќе бидат среќни и полни со позитивна енергија, а ништо нема да им биде тешко кога се во прашање луѓето кои ги сакаат.
Планирате многу нешта, но никако не успевате барем малку да одморите. Телефонот постојано ќе ви ѕвони и ќе се трудите секому да излезете во пресрет. Но, нема да можете долго да го издржите ова темпо, а потоа ќе ви биде потребно да се дистанцирате од сето тоа.
Ќе уживате во домашни дружења, разговори, сакате мир и ќе почнете да правите планови за патувања. Животот целосно ќе ви се промени, особено откако ќе се ослободите од луѓето кои само ви пречеле и ќе почнете да го работите она што навистина го сакате.
Работа
Ги остварувате со голема леснотија поголемиот дел од зацртаните цели. Работите со полна пареа, но воопшто не се заморувате. Кон средината на годината можно е унапредување. Тоа ќе им пречи на некои колеги кои во вас гледаат конкуренција и можеби ќе „пуштат“ трач за вас, но вие нема да обрнувате внимание на тоа.
Ако сте невработени, еден контакт од претходно ќе ви помогне да најдете работа. Испраќајте ја вашата кратка биографија на огласи, бидете упорни и ќе успеете да се вработите. Студентите можно е да паузираат еден или два семестра, за да соберат сила и потоа да се вратат на студии за да ги завршат во краток временски рок.
Љубов
Во 2020 година партнерот ќе се почувствува занемарено, бидејќи ќе добие впечаток дека сите ви се поважни од него. Ќе одите на службени патувања, дружења со пријателите, а партнерот сака да добие поголем дел од вашето време. Пронајдете баланс, доколку не сакате да раскинете.
Слободните Скорпии кон средината на годината ќе почнат да се забавуваат со личност која не знае што сака. На почетокот тоа нема да ви пречи, но потоа ќе сакате на целиот тој однос да му дадете финиш – без разлика дали ќе прерасне во сериозна врска или пак, му претстои прекинување.
Скорпиите кои се во брак ќе разрешат ситни проблеми од минатото. Можен е и поголем конфликт, но љубовта и страста ќе победат.
Пари
Во 2020 година, Скорпиите ќе сакаат повеќе да ризикуваат и да вложуваат пари во профитабилни бизниси и проекти. Во еден дел од овие инвестиции ќе забележите значаен успех, но некои ќе пропаднат во вода. Размислувајте пред да направите ризичен потег.
Здравје
Во 2020 ќе имате проблеми со варењето и ќе сфатите дека конечно е време да посетите лекар. Слушајте ги и советите на постарите и поискусни членови на вашето семејство и променете го начинот на исхрана, но и целокупниот животен стил.