Заев за Рекет: Не знаев дека била вмешана Катица, го објавив тоа што го добив од Камчев

од Nikola Popovski
246 прегледи

Премиерот Зоран Заев во врска со случајот „Рекет“ рече дека на 22 април го пријавил тоа што го видел, односно она што  беше објавено од Орце Камчев и од него предадено на Јавното обвинителство – видео на кое не се гледа Катица Јанева, туку комуникација меѓу Боки 13 и Орце.

„Го пријавив тоа што го видов, а тоа е она што беше објавено од Орце Камчев, односно предадено на Јавното обвинителство од Орце Камчев.  Ми беше презентирано видеото и четири разговори кои се доволен основ. На материјалите се гледаше само Бојан Јовановски и комуникацијата со Камчев. Сите треба да бидат еднакви пред законот, секој што има индиции треба да биде сериозно истражен заради тоа што само така сме и нормална земја.“

 

Слични содржини