296
Владата денеска на 174 редовна седница го утврди текстот на Предлог-законот за ратификација на Северноатлантскиот договор потпишан во Вашингтон на 4 април 1949 година.
„Предлог-законот за ратификација на Северноатлантскиот договор на нашата земја со НАТО, ќе биде пуштен на усвојување во Собранието и се предвидува да стапи во сила со денот на објавувањето во Службен весник на Република Северна Македонија, по што ќе биде депониран во Вашингтон, откако Шпанија ќе го ратификува Протоколот за пристапување на нашата земја во полноправно членство во Алијансата“, соопшти владината прес-служба.