Заев: Ново законско решение за амбасадори кое ќе ја штити дипломатската служба

од Ивана Рамаданова
193 прегледи

Предлагаме ново законско решение за амбасадори, кое ќе ја штити дипломатската служба во иднина, давајќи предност на кариерните дипломати, напиша на својот фејсбук профил премиерпт Зоран Заев.

„Од 2017 досега 87,5 проценти од лицата кои се именувани за амбасадори се кариерни дипломати, 35 од нив се професионални, а само 5 се политички решенија. За споредба во периодот 2006-2017 година, соодносот помеѓу професионалните и политичките решенија бил 42,3 проценти, или во реалноста 33 кариерни (7 вработени непосредно пред испраќање) и дури 45 политички решенија“, потенцираше Заев.

Како што истакна, во 2014 последните 10 амбасадори кои биле испратени на мисија имаат вкупен стаж од 28 години во МНР, за разлика од последните 10 амбасадори во 2019, кои имаат вкупен стаж од 214 години во МНР.

Слични содржини