Боки 13: Се чувствувам како политички затвореник и сум загрижен за мојот живот

од Aleksandar Todeski
205 прегледи

Првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13 имаше обраќање пред судот, во кое побара судот да ги цени околностите за неговата здравствена состојба, која трди дека е лоша.

 

„Јас се чуствувам понижено и сум загрижен за мојот живот. Оправдано се чувствувам како политички затвореник. Како лице кое е во тешка здравствена состојба ќе ги употребам сите правни лекови“, рече Јовановски.

Тој пред судијката која го води случајот рече дека доколку судот не носи одлуки со притисоци и не му се уважи неговта здравствена состојба, ќе штрајкува со Глад. Воедно Боки 13 испратил писма и побарал посети од низа амбасадори, со што би им било укажано за кршење на неговите чивекови права.

Јовановски во обраќањето истакна дека овој судски совет досега бил регуларен и се надева дека кон него се води фер судење и додаде дека судот селективно ги цени медицинските извештаи. Следното рочиште е закажано на 20 јануари.

И.Р.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини