142
Европската Унија набрзо ќе организира донаторска конференција со цел да се соберат средства за ублажување на последиците од земјотресот во Драч, Албанија што се случи на 26 ноември минатата година.
Тоа го најави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на прес-конференција во Загреб по состанокот на Хрватската Влада и ЕК, јави дописникот на МИА од Загреб.
Европска Унија се надева дека со оваа донаторска конференција на директен начин ќе може да и се помогне на Албанија во санацијата на оштетените објекти во големиот земјотрес, при што загинаа околу 50 луѓе.